Tufan Aktaş
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Владата на Етиопија соопшти дека со операцијата против бунтовниците вратила во своја контрола 17 области во провинциите Амхара и Афар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот на Етиопија се нагласува дека од Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) се преземени областите Касагита, Бурка, Ваима, Чифра, Чифту, Дире Рука, Алеле Сулула, Арбит, Акет, Дибико, Дабо, Гашена, Џама Деголо, Вереилу, Генете, Финчофту и Акеста.
Исто така, во соопштението се истакнува дека регионите Мезезо, Молале, Шоа Робит и Раса се исчистени од Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF).
Етиопската армија ги зголеми воздушните напади во последните недели, а премиерот Аби Ахмед, по напредувањето на бунтовниците, и самиот замина на фронтот.
„Војната е завршена“, рече Ахмед по средбата со високи команданти на Армијата.
Армијата, која се бореше против Народниот ослободителен фронт Тиграј повеќе од една година, прогласи вонредна состојба низ целата земја откако бунтовниците напредуваа кон главниот град.