Emre Gürkan Abay
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
МОСКВА (АА) - Руската Влада го забрани извозот на опрема од областа на технологијата, телекомуникациите, медицината, автомобилизмот, земјоделството и електричната енергија до крајот на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на руската Влада се истакнува дека извозот на повеќе од 200 производи е привремено забранет до крајот на 2022 година.
Во соопштението се нагласува дека производите кои се забранети се од областа на технологијата, телекомуникациите, медицината, автомобилската, земјоделската и електричната опрема.
Се посочува дека во опфатот на забраната се и опремата за железнички транспорт, контејнери, турбини, машини за обработка на метал и камен и дека е стопиран и извозот на монитори, проектори, конзоли и панели.
Меѓу другото, се нагласува дека забраната за извоз ги опфаќа сите земји освен земјите од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) и дека привремено е прекинат и извозот на градежно дрво во земјите каде што се преземени „непријателски“ чекори кон Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин на 8 март нареди да се забрани извозот на одредени производи и суровини што треба да ги одреди Владата.