Ömer Faruk Yıldız
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - По неодамнешните серија терористички напади, властите на Шри Ланка забранија носење бурка во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на претседателот на таа островска земја во Индискиот Океан, соопштено е дека се забранува носење на каква била прекривка на лицето што би пречела во процесот на легитимација и идентификација на поединците.
Во соопштението се наведува дека забраната за покривање на лицето, вклучувајќи ја и бурката која ја носат муслиманките, беше на дневниот ред на минатонеделната седница на Владата на Шри Ланка.
Забраната стапи на сила денес.
Најмалку 253 лица се убиени во серијата терористички напади што се случија во Шри Ланка за католичкото празнување на Велигден. Цел на нападите беа три цркви и три луксузни хотели.
Властите на Шри Ланка спроведуваат опсежна антитерористичка операција во таа земја и за нападот ја обвинуваат локалната терористичка група „Нејшнал Тевхид Џемаат“ (National Thowheed Jamaath), а одговорност за нападот презеде терористичката организација ДЕАШ.