Büşra Selvi Öğütcen
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ТОКИО (АА) - Во 113 година од својот живот, почина јапонецот Јусутаро Коиде кој бил најстариот човек во светот, јавува Anadolu Agency (АА).
Kоиде е роден на 13 март, 1903 година, а во август минатата година во Гинисовата книга на рекорди влезе како најстар човек во светот. Министерството за здравство соопшти дека јапонецот Koиде, почина вчера во болница во Нагоја поради проблеми со срцето и воспаление на респираторниот тракт.
Говорејќи за тајната на неговата долговечност, Koиду нагласи дека тој никогаш не пушел цигари, не конзумирал алкохол и дека отсекогаш била оптимист. Во Јапонија, постојат повеќе од 61.000 луѓе со повеќе од 100 години, вклучувајќи 90 отсто од жените.
Според Гинисовата книга на рекорди, најстар човек на светот сега е 116-годишната американка Сузана Џонс од Бруклин. Титулата за најдолговечна личност на светот сеуште ја има Жан Калмент, кој почина во август 1997 година и живеел 122 години и 164 дена.