Muhammed Yasin Güngör
15 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
ИСТАНБУЛ/БАКУ (АА) - Деветтиот трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Азербејџан и Грузија се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку, јавува Анадолу.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и грузискиот министер за надворешни работи Илија Дарчиашвили присуствуваа на состанокот чиј домаќин беше азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.
Бајрамов го одржа воведниот говор, а средбата продолжи затворена за медиумите.
По средбата министрите ќе одржат заедничка прес-конференција.
На средбата разгледани се прашања што се однесуваат на трите земји во рамките на регионалната соработка, како и за последните глобални случувања.
Фидан, кој ќе оствари билатерални средби со своите колеги, се очекува да учествува на 11. Глобален форум што се одржува во Баку.
Механизмот на трилатерални состаноци придонесува за регионалната стабилност, мир и просперитет.