Ekipa
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
БРИСЕЛ (АА) - Едно лице загина, а 20 се повредени, кога патнички воз денес во блзина на Брисел излета од шините и се преврте во близина на Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Луис Тобак, градоначалникот на Левен изјави дека лицето кое загинало најверојатно не се наоѓало во возот, туку било покрај шините. Несреќата се случила во раните попладневни часови кога воз со мала брзина ја напуштал станицата во Левен и се движел во правец кон бриселскиот аеродром.
Тобак додаде дека поголемиот дел од повредените претрпеле полесни повреди.
Железничкиот сообраќај кон и од Левен, кој се наоѓа 20 километри источно од Брисел, е запрен.
Властите покренаа истрага за причната за излетување на возот од шините.