Ayşe Hümeyra Atılgan
14 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 140 африкански мигранти се спасени во близина на брегот на Либија, соопштено е денес од либиската морнарица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Безбедносните тимови ги спасија мигрантите за време на рутинска контрола на крајбрежната стража”, изјави полковникот Ејуб Касем, портпаролот на морнарицата, и додаде дека операцијата се одвивала на брегот Сабрате, западно од Триполи.
Претходно овој месец на брегот Гарабулиј, источно од Триполи, исто така се спасени 80 африкански мигранти.
Според податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) околу 1.800 мигранти го загубиле животот во Медитеранското море од почетокот на 2017 година.