Sayed Khodaberdi Sadat
12 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
КАБУЛ (АА) - Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа седум деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на кабинетот на гувернерот на Газне, Мухамед Ариф Нури, изјави дека бомбата поставена покрај патот во местото Камбаран, во подрачјето на Мукур, е активирана додека децата си играле на тоа место.
Во експлозијата загинаа седум деца, а две се ранети.
Нури смета дека бомбата е поставена од страна на талибанците.