Ekipa
31 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ГАЗА (АА) - Тројца млади инженери во Појасот Газа произведуваат еколошки огревен материјал од маслинови семки и пулпа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Газа, која се наоѓа под израелска блокада, Темр Ебу Мутлак, Халид Ебу Мутлак и Усама Гадих основаа свои бизниси, добивајќи 5.000 американски долари финансиска поддршка од Специјалниот центар за развој „Маан“.
Младите инженери, благодарение на машината што ја дизајнирале, од маслиновите семки и пулпата произведуваат еколошки огрев.
Инженерот Темр Абу Мутлак, во изјавата за АА, рече дека подготвиле проект за добивање еден вид брикети од маслиновите семки и пулпа.
Истакнувајќи дека машината ја дизајнирале со финансиска поддршка од 5.000 долари од „Маан“, Ебу Мутлак рече дека потоа изнајмиле простор од општината и започнале да произведуваат гориво.
Ебу Мутлак, исто така, наведе дека потребните материјали за гориво ги обезбедуваат од градот Абасан во Газа, каде што со обезбедената помош од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е отворена фабрика за маслиново масло.
Посочувајќи дека со помош на машините, маслиновите семки и пулпата ги ставаат во калапи, Ебу Мутлак рече дека производот што го добиваат има повисока калорија од јагленот, а исто така стапката на чад е пониска во споредба со јагленот.
„Од овој аспект, производот што го добиваме е еколошки“.
Тој, исто така, наведе дека брикетите што го добиваат од маслиновите семки и пулпата го продаваат преку социјалните мрежи.