Davut Çolak
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
КОПЕНХАГЕН (AA) - Неколку политички партии во Данска бараат затворска казна за жените кои носат никаб во јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Од 1 август во Данска стапи во сила новиот закон за забрана на носење бурки и никаб (облека која ги открива само очите).
Воведувањето на ваквите казни на дневен ред во оваа земја го иницираа три коалициони политички партии.
Гласноговорникот на Народната партија, Мартин Хенриксен, смета дека е потребно, за оние кои не го почитуваат законот, покрај паричната казна, да се воведе и затворска казна.
И гласноговорникот на партијата Либерал Венстре, Маркус Кнут, смета дека е потребно да се воведе затворска казна.
Од 1 август во Данска стапи нов закон за забрана на носење бурки и никаб, што е ретка појава во Данска. Слични забрани воведоа уште некои европски земји.
Жените кои носат никаб ќе бидат казнети со парична казна од 1.000 круни (156 долари), а ако казнувањето последователно се повторува, би можело да биде изречена парична казна до 10.000 круни (1.560 долари).