Şerife Çetin
13 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) – Во Европскиот парламент (ЕП), пратеничката група Европа на нации и на слободата (ЕНФ), која се состои од екстремно десничарски и популистички партии, откако се прошири со нови членки, го промени името во Идентитет и демократија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пратеничката група Европа на нации и на слободата (ЕНФ), во која членуваа француската екстремна десничарска партија Национално единство на Марин Ле Пен и партијата Лига на италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, со приклучување на некои екстремно десничарски партии од Австрија, Финска и Данска, вклучувајќи ја и партијата Алтернатива за Германија (АфД), го промени името во Идентитет и демократија (ИД).
На тој начин, екстремно десничарската политичка група стана петта по големина политичка група во Парламентот, со зголемување на бројот на места од 58 на 73.
Од друга страна, Унијата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), објави дека го смени своето име во „Обнови ја Европа“.