Gülşen Topçu
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
КАИРО (АА) – Египетскиот суд им го конфискуваше имотот на 614 лица, 268 економски институции и на 30 болници и фармацевтски компании под обвинение дека се приврзани и ја поддржуваат Организацијата на муслиманското братство (Ихван), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на веб-страницата на владиниот весник „Ал-Ахрам“, Основниот суд во Јужно Каиро на 3 декември 2018 година одлучи да го конфискува имотот на 614 луѓе, 268 економски институции и 30 болници и фармацевтски компании.
Физичките и правните лица се обвинети дека биле членови и поддржувачи на Ихван во земјата од 2013-та година.
Според веста, имињата на физичките и правните лица чиј имот е конфискуван не е објавен, а од друга страна судот одлучил конфискуваниот имот да биде пренесен на Министерството за финансии.
Одлуката може да се обжали.
Според законите на Египет, лицата и организациите чии средства се конфискувани имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од 10 дена од денот на известувањето за одлуката.
Во септември 2018 година, во Египет, беше конфискуван имотот на 589 лица, 1.133 здруженија, 118 компании, болници и новински сајтови, вклучувајќи го и претседателот Мухамед Мурси, кој беше соборен со воен удар.