Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
ПРАГА (AA) - Најмалку 13 рудари загинаа во експлозија во рудник во Чешка, јавува Anadolu Agency (AA).
Иво Целечовски, гласноговорникот на рударската компанија ОКД, потврди дека во рудникот во Карвин на североистокот на земјата дошло до експлозија. Изјави дека се повредени десет рудари.
Како последица на експлозијата, која ја предизвикал метан, исчезнале осум рудари чии тела се пронајдени во текот на акцијата на барање и спасување.