Adam Abu-bashal
06 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АБУЏА (АА) - Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации предупреди дека над 43 милиони луѓе во Западна Африка ќе се соочат со опасност од недостаток на храна во наредните месеци поради новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролката на Светската програма за храна, Елизабет Баерс, истакна дека милиони луѓе во Африка се во тешка ситуација поради Ковид-19, судирите и климатските промени.
Напоменувајќи дека 12 милиони деца на возраст под пет години ќе се соочат со неухранетост во регионот од јуни до август, Баерс рече дека над 43 милиони луѓе се изложени на ризик од недостиг на храна.
Баерс изјави дека околу 21 милиони луѓе во Западна Африка ќе имаат проблеми со пристапот до храна во следните три месеци. Наведе дека Ковид-19 дополнително ја влоши ситуацијата во тој дел од светот.