Barış Seçkin
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
РИМ (АА) - Во последователните земјотреси што вчера го погодија централниот дел на Италија, едно лице почина од срцев удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотреси со јачина од 5,4 и 5,9 степени го погодија Марке, 200 километри североисточно од Рим, и предизвикаа штета на одреден број објекти. Италијанските медиуми истакнуваат дека спасувачките екипи не пронашле загинати ниту пак тешко повредени.
Новинската агенција АНСА јави дека во Толетино, 73-годишен маж починал од срцев удар како резултат од елементарната непогода. Во местото Фабриано осум лица се полесно повредени.
Официјални лица истакнаа дека населението се спасило поради тоа што од домовите излегле веднаш по првиот земјотрес, а пред вториот, што беше многу поразорен. Населението, кое не сакаше да се врати во своите домови, ноќта ја помина на дождот и студеното време. Наставата во училиштата во погодените подрачја е прекината.
Да потсетиме, во земјотрес што го погоди Аматриче на 24. август загинаа 300 лица, а експретите сметаат дека новите земјотреси се неговo продолжение.