Emre Aytekin
07 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Според последните информации, најмалку 74 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди западната кинеска провинција Сечуан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на загинатите во земјотресот се зголеми на 74, повредени се 259, а по 26 лица сѐ уште се трага“, јавија кинеските медиуми.
Кинескиот мрежен центар за земјотреси соопшти дека вчера напладне е регистриран земјотрес со јачина од 6,8 степени во тибетската автономна префектура Гарзе. Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од округот Лудинг.
Земјотресот ги потресе и зградите во главниот град на покраината Ченгду, чии 21 милион жители се веќе во изолација поради Ковид-19.
Дојдено е до прекин на електричната енергија, а зградите биле оштетени во историскиот град Мокси во тибетската автономна префектура Гарзе.
„Поставени се шатори за повеќе од 50.000 луѓе кои се преместени од небезбедните домови“, објави официјалната новинска агенција „Синхуа“.
Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните години беше со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во 2008 година, кога во Сечуан загинаа речиси 90.000 луѓе.