Yaser Albanna,Gülşen Topçu
09 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
ГАЗА (AA) – Во нападот на израелските авиони на Газа кратко по полноќ, загинаа двајца Палестинци, меѓу кои и бебе, а едно лице е рането, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за здравство во Газа, Ешреф ал Кудра, изјави дека во воздушниот напад на местото Џафарави, во средишниот дел на Газа, загинаа бремената Инас Мухамед Ихмас (23) и нејзиното 18-месечно дете Бајан. Ранет е нејзиниот сопруг Мухамед.
Кудра додаде дека со тоа бројот на ранетите Палестинци во нападите извршени од синоќа е зголемен на 12.
Израелската војска претходно соопшти дека 12 региони во Газа се погодени во воздушните напади. Во синоќешните напади загина еден Палестинец, а шестмина се ранети.