Çağrı Koşak
15 Јули 2024•Ажурирај: 16 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 80 Палестинци загинаа, а 216 се ранети во нападите на израелската војска врз Појасот Газа во последните 24 часа, јавува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа даде информации за израелските напади врз Појасот Газа во текот на 283-те дена.
Наведено е дека уште 80 Палестинци се убиени, а 216 се ранети во нападите на израелската војска во различни делови на Газа во изминатите 24 часа.
Соопштено е дека 22 Палестинци се убиени, а 102 се ранети во вчерашниот напад на израелските сили врз училиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА) во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа.
Во соопштението се наведува дека сѐ уште има луѓе под урнатините, но дека екипите за итна помош и цивилната заштита не можат да дојдат до нив.
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври 2023 година, загинати се 38.664 Палестинци, а 89.097 се ранети.