Mustafa Deveci
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
КУДС
Во израелските напади на Појасот Газа животот го загубија 181 лице, меѓу нив 52 деца и 31 жена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израел од 10 мај од воздух и копно изведува напади на Појасот Газа. И покрај реакциите од светот, Израел и во текот на ноќта продолжи со жестоките напади на Газа.
Во соопштението на Министерството за здравство во Газа наведоа дека во нападите што ги изведе Израел од полноќ, загинаа 26 Палестинци, меѓу кои има осум деца и 10 жени.
Со тоа бројот на загинати лица во израелските напади е зголемен на 181, вклучувајќи 52 деца и 31 жена. Ранети се 1.225 лица.
Претходно, службеник од палестинското Министерство за здравство во Газа, Енвер Атаулах, соопшти дека во нападите изведени од полноќ уништени се голем број објекти, а дека во мртовечниците во Газа нема место.