Nour Mahd Ali Abu Aisha,Gülşen Topçu
30 Декември 2023•Ажурирај: 01 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Изралеската војска уби 106 палестински новинари во 84 дена континуирани интензивни напади на Појасот Газа, известува Анадолу.
Канцеларијата за медиуми во газа информираше дека уште еден новинар е убиен во напад на израелската војска врз бегалскиот камп Нусеират, сместен во централниот дел на Појасот Газа.
Новинарот на телевизискиот канал Ал Кудс е убиен од израелските војници со што бројката на убиени новинари во Газа од 7 октомври досега се зголеми на 106.
Во претходното соопштение беше наведено дека Израел намерно ги убива новинарите во Газа за да го замолкне пропалестинскиот наратив, да ја прикрие вистината и да спречи вестите и информациите да дојдат до регионалната и меѓународната јавност.