Ecem Şahinli Ögüç
05 Јануари 2025•Ажурирај: 06 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Три лица загинаа кога хеликоптер на крајбрежната стража се урна во индиската држава Гуџарат, известува Анадолу.
Според веста што ја објави ‘Hindustan Times’, полицијата информирала дека хеликоптер на крајбрежната стража се урнал во областа Порбандар во државата Гуџарат.
Во веста се наведува дека во хеликоптерот кој се запалил по падот, животот го загубиле три лица, од кои двајца пилоти.
Властите соопштија дека хеликоптерот се урнал поради ‘технички проблем’ и дека во тек е истрага за несреќата.