Ekipa
18 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ТУБАН (АА) - Тринаесет лица загинаа кога транспортен авион на индонезиската војска се урна рано утринава во провинцијата Папуа, во источниот дел на Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на регионалната воена команда изјави дека во авионската несреќа загинаа 12 членови на екипажот и еден цивил. Авионот „Херкулес“ полета од градот Tимика кон Вамен, во чија близина се урна.
Полковникот Тегу Рахарџо изјави дека биле пронајдени сите тела.
Хадија Суминтаатмаџа, заменик-командант на воздухопловните сили, во изјавата за новинарите истакна дека авионот бил технички исправен, но дека го изгубил контактот со контролната кула, непосредно пред слетувањето.
„Според прелиминарната истрага, несреќата била предизвикана од лошите временски услови“, рече Суминтаатмаџа.
Авионските несреќи во Индонезија се вообичаени во последните две години, каде што поради лошите стандарди за безбедност често страдаат авионите на воздухопловните сили.