Ahmet Dursun
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во Иран секоја година умираат над 10.000 бебиња поради сиромаштија и недоволна грижа пред раѓањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Хајдари, претседател на Одделот за здравје на бебињата при иранското Министерство за здравство, во изјава за иранската државна новинска агенција ИРНА зборуваше за ефектите на сиромаштијата врз здравјето на бебињата во земјата, и рече дека во повеќе места во земјата владее сиромаштија.
„8,27 од вкупно 1.000 новороденчиња умираат поради економската сиромаштија во земјата. Ако се земе предвид дека во една година се раѓаат околу еден милион и 400 илјади бебиња, секоја година над 10.000 бебиња умираат поради оваа причина“, истакна Хајдари.
Toj рече дека иранските покраини Систан и Белуџистан, Хормозган, Керманшах, како и Керман, се покраини каде што стапката на смртност кај бебињата е највисока.
„Бебињата во овие покраини умираат за време на раѓањето поради недоволната грижа во периодот пред раѓањето и поради сиромаштијата“, додаде тој.