Emel Öz Gözellik
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ФОНСЕКА (AA) - Властите на Колумбија соопштија дека е завршена граѓанската војна што во таа земја траеше 52 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Војната во Колумбија заврши со преговорите со посредство на Обединетите нации, а синоќа во Пандорес беше организирана церемонија на којашто е испратен и последниот конвој со оружје што го предадоа бунтовничките Револуционерни сили на Колумбија (FARC).
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, изјави дека повеќедецениската војна и формално е завршена откако бунтовниците на ФАРК го предадоа и последниот конвој со оружје.
„Денес го слушнавме и последниот здив на војната во Колумбија“, порача Сантос.
Шефот на мисијата на ОН за Колумбија, Жан Арно, изјави дека завршувањето на војната означува почеток на подобра иднина за таа земја.
Мировниот договор меѓу владата и бунтовниците во Колумбија е постигнат на почетокот од октомври минатата година, а миовниот договор потоа е поставен како референдумско прашање и 50,24 отсто од гласачите не се согласија со него.
Следуваше продолжение на преговорите во колумбискиот град Хавана, а на 12. ноември и официјално беше потпишано примирје меѓу претседателот Сантос и лидерот на ФАРК, Родриго Лондоно.
Во изминатите 52 години судири меѓу владините сили и милитантите на ФАРК, во Колумбија загинаа повеќе од 220.000 лица, а раселени се повеќе од шест милиони жители.
Бунтовничкото движење ФАРК се наоѓа на листата на терористички организации во САД и во ЕУ, а станува збор за милитантно движење коешто во екот на силата имаше повеќе од 17.000 вооружени борци, а моментално вбројува околу 7.000 милитанти.