Sayed Khodaiberdi Sadat
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
КАБУЛ
Најмалку седум војници загинаа во напад на талибанците на подрачјето Бадгис во западниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за одбрана е потврдено дека милитантите извршиле напад врз воен пункт во селото Акази во местото Бала Мургаб.
Авганистанското министерство потврди дека загинале седум, а ранети се пет војници. Во соопштението се наведува и дека по нападот дошло до судири во кои имало жртви и на страната на талибанците.