Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
САНА (АА) - Најмалку 40 лица загинаа во американските воздушни напади во јужниот дел на Јемен, чија цел беа лидерите на Ал Каеда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските воздухопловни сили ја нападнаа куќата на постариот лидер на Ал Каеда, Aбдулрауфа ал-Дахаба во областа Кајфа, потврди неименуван извор.
Во нападите извршени рано утринава, во коишто беа користени беспилотни летала и хеликоптери, загинаа најмалку 40 лица.
Истиот извор изјави дека во судирите се убиени двајца лидери на Ал Каеда, меѓу кои и братот на Ал Дахаба.
Официјален Вашингтон сè произнесе во врска со случајот.