Eşref Musa
22 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Шест цивили смртно настрадаа во нападите извршени од синоќа досега во деескалационата зона во Идлиб од страна на Асадовиот режим и неговиот поддржувач, Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Различни места во Идлиб како Деир Гарби, Деир Шарки, Хиш, Кеферсеџне, Мука, Тух, Бсенкул, Тел Менис, Теманије, Марет ал Нуман и Серакиб од синоќа се изложени на воздушни напади на режимот и Русија.
Опсерваторијата за авиони при воената опозиција соопшти дека во нападите кои руските воени авиони ги извршиле во селото Деир Гарби загинале 4 цивили, додека во нападот на режимот во селото Тел Менис смртно настрадале двајца цивили.
- Состојбата во деескалационата зона во Идлиб -
Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, речиси од почетокот на граѓанската војна е познат како средиште на опозицијата. Центарот на Идлиб, чие население со внатрешната миграција достигна до 4 милиони, во март 2015 година влезе под контрола на опозицијата. Идлиб се наоѓа на чело на местата каде што режимот врши најинтензивни напади.
На состанокот во Астана одржан на 4 и 5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран го прогласија Идлиб и неговата околина за „деескалациона зона“. Турција и Русија постигнаа дополнителен договор откако силите на режимот често го прекршуваа примирјето.
Силите на режимот со поддршка на своите поддржувачи продолжуваат со нападите, и покрај Договорот потпишан на 17 септември 2018 година во рускиот град Сочи.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека во нападите кои силите на Асад и Русија ги реализираа во периодот од 26 април до 19 август во зоната за деескалација во Идлиб, животот го загубија најмалку 843 цивили.
Од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот за Идлиб меѓу Турција и Русија, досега се раселија 945.992 цивили.