Recep Şakar
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
МЕЛБУРН (АА) - Министерот за животна средина на Нов Зеланд, Еугениј Саге, соопшти дека „забраната за пластични кеси за еднократна употреба“ стапи на сила на 1 јули, а Законот беше донесен минатата година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Забраните се чекор за поздрави океани и чекор за да ѝ се помогне на природата“, нагласи Саге, во објавата на официјалната страница на Министерството за животна средина на Нов Зеланд.
„Забраната ќе овозможи да има помалку пластика во реките, потоците, во системите за атмосферските води и океаните. На тој начин помалку ќе бидат засегнати морските птици, рибите, желките и морските цицачи“, се вели во изјавата.
Потсетувајќи дека забраната е планирана за поттикнување на рециклирањето во Нов Зеланд, министерот Саг истакна: „Ова е еден чекор во борбата против проблемите со отпадот од Нов Зеланд. Граѓаните на Нов Зеланд ќе се потсетат на кесите за повеќекратна употреба. На тој начин ќе се стопира милионите пластични кеси за еднократна употреба да станат отпад.“
Ако забраната биде нарушена, маркетите ќе бидат казнети со парична казна до 67.000 долари.
- Примената на пластични кеси во светот
Првата земја која ги забрани најлонските кеси е Бангладеш во 2002 година. Забраната е најстрога во Кенија. Според практиката која стапи во сила во Кенија во 2017 година, оние кои користат, произведуваат или продаваат пластични кеси, може да се соочат со затворска казна до 4 години или со парична казна до 38.000 долари.
Во повеќе од 60 земји во светот преземени се мерки против употребата на пластичните кеси. Во Турција, Австралија, Тајван, Колумбија, Мозамбик и Јужна Африка пластичните кеси се продаваат за одредена цена.
Секоја година во светот се произведуваат повеќе од 1 трилион пластични кеси, а околу 8 милиони метрички тони пластични кеси ги загадуваат океаните. Ова значи дека секоја минута во водата се истура еден камион пластичен отпад.