Mücahit Oktay
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во оружениот напад извршен вчера напладне во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген животот го загубија 3 лица, а 6 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на кабинетот на шерифот на округот Оукленд се наведува дека ученик во Средното училиште „Оксфорд“ повредил 6 лица и убил 3 лица со пиштолот што го донел на училиште.
Се нагласува дека СВАТ-тим интервенирал од воздух со хеликоптер по оружениот напад изведен во Средното училиште „Оксфорд“.
Исто така се вели дека училиштето во кое е извршен нападот било евакуирано, додека властите информираа дека сличен напад во Мичиген немало во последните 40 години.
Заменик-шерифот Мајк МекКејб рече дека од пиштолот на уапсениот средношколец се испукани меѓу 15 и 20 куршуми, а напаѓачот не пружил отпор при приведувањето.
МекКејб нагласи дека осомничениот одбил да зборува за причината за нападот.
„Според точката до која дојдовме, сметаме дека тој дејствувал сам“, МекКејб.
Напаѓачот е 15-годишно момче кое учело во истото училиште.