Saadet Firdevs Aparı
26 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
ВЕЛИНГТОН (АА) - За првпат во историјата на Нов Зеланд бројот на жени во Парламентот го надмина бројот на мажи, известува Агенција Анадолија (АА).
Откако поранешниот претседател на австралискиот Парламент, Тревор Малард, го напушти Парламентот и го презеде местото амбасадор во Ирска, а Сораја Пеке-Мејсон од Лабуристичката партија стана нова членка на државното законодавно тело, жените го сочинуваат мнозинството во Парламентот на Нов Зеланд.
По најновите измени, во државниот Парламент сега има 60 жени и 59 мажи.
„Мислам дека денес е посебен ден за мене, но и историски за Нов Зеланд“, рече Пеке-Мејсон за медиумите.
Според податоците на Интерпарламентарната унија (PAB), Нов Зеланд сега се наоѓа меѓу шесте држави во светот во кои најмалку 50 % од пратениците во Парламентот се жени.
Покрај во Нов Зеланд, жените се мнозинство и во Куба, Мексико, Никарагва, Руанда и во Обединетите Арапски Емирати.
Според најновите податоци, жените сочинуваат 26 % од членовите на Парламентот во земјите низ светот.