Riyaz Khaliq Khaliq
15 Август 2023•Ажурирај: 16 Август 2023
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 24 лица загинаа во свлечишта во Кина, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.
Како што наведе јавниот сервис ЦГТН, како исчезнати се водат уште три лица.
Обилните врнежи предизвикаа лизгање на земјиштето во областа Ксиан во северната покраина Шенси, соопштија локалните власти.
Официјални претставници соопштија дека 900 дома во Ксиан останале без струја во катастрофата што се случи по невообичаено обилните врнежи и тајфунот.
Кина се соочува со обилни врнежи предизвикани од тајфунот Канун, кој погоди и делови од Јапонија и Јужна Кореја.