Mehmet Nuri Uçar
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
МОГАДИШУ (АА) - По терористичкиот напад извршен во Могадишу, во кој загинаа 23 лица, а ранети се десетици, во Сомалија е прогласена тридневна жалост, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Абдулахи Фармаџо, претседателот на Сомалија, соопшти дека тридневната жалост започнува денес.
Фармаџо, кој за нападот одговорна ја смета терористичката организација Ал Шабаб, изрази сочуство до семејствата на загинатите во експлозијата, а на ранетите им посака брзо заздравување.
Сомалискиот претседател најостро го осуди нападот.
Нападот го осудија и голем број меѓународни организации и земји.