Alı H. M. Abo Rezeg
20 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
БАГДАД (АА) - Најмалку двајца Ирачани загинаа и 60 се повредени во судири меѓу ирачките безбедносни сили и демонстрантите во Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судирите се случија денеска кога безбедносните сили се обидуваа да ги разбркаат демонстрантите во близина на Автопатот „Мухамад ал Касим“, централен Багдад, изјави официјален претставник кој зборуваше под услов на анонимност.
Претходно безбедносните сили ги спречија демонстрантите да се движат кон Автопатот „Мухамад ал Касим“, за да спречат затворање на важниот и значаен пат кој ги поврзува Багдад и јужните покраини.
Во Ирак се одвиваат масовни протести од почетокот на октомври поради лошите услови за живот и корупцијата, принудувајќи го премиерот Адел Абдул Махди да си даде оставка.
„Повеќе од 500 лица се убиени, а 17.000 се повредени во протестите“, се вели од ирачката комисија.