Mehmet Nuri Uçar
15 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ТРИПОЛИ
Во судирите што веќе 11 дена продолжуваат во Либија, бројот на загинати се искачи на 147 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската здравствена организација (СЗО) преку својот профил на социјалните мрежи соопшти дека во судирите што досега се случија во Сирија, животот го загубија 147 лица, а 614 се ранети.
Во соопштението се истакнува дека СЗО во Либија ќе испрати медицински материјали и здравствени работници.
Генерал Калифа Хафтар, лидерот на воените сили од источниот дел на Либија, со цел да го заземе главниот град, Триполи, на 4 април даде наредба за напад, по што единиците на Владата на национално единство започнаа контраоперации.
Веќе 11 дена продолжуваат сè поинтензивните судири во околината на главниот град Триполи.