Murat Karadağ
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
АНКАРА (АА) - Откако од почетокот на годината во американската сојузна држава Тексас е променет законот за носење на оружје, студентите постари од 21 година сега можат да носат оружје во кампусите но да не го покажуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наведувањата на „Ен Би Си Њуз” студентите кои се постари од 21 година можат со оружје да влезат на предавање. Промената на законот следеше поради самоодбрана и заштита на уставните права. Републиканците, кои го поддржаа овој закон, потсетија на нападите на универзитетите и кината. Според нив, можеби овој начин ќе биде одбранбен систем за нападите чија целна група се училиштата.
Имало и такви кои не биле за вакви измени на законот, тврдејќи дека тоа ќе доведе до поголемо насилство и нереди на универзитетите.
Тексас не е единствена американска сојузна држава со ваков закон, има и други кои им дозволуваат на студентите носење на оружје.