Ahmet Esad Şani,Fatih Türkyılmaz
19 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
ТОКИО (АА) - Првата изложба во странство на победничките фотографии на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2019“, кој го организира Агенција Анадолија (АА) петта година по ред, е отворена во јапонскиот главен град Токио.
Институтот „Јунус Емре" во Токио беше домаќин на четвртата изложба на овој проект чии спонзори се Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш Ерлајнс" (Turkish Airlines).
Заменик генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја, се обрати за отворањето на изложбата, при што рече дека проектот „Istanbul Photo Awards“ е за да ги охрабруваат и наградуваат фоторепортерите.
Озкаја рече дека на овој натпревар во 2019 година учествуваа фотографи од над 100 земји со околу 15.000 фотографии снимени во војни, конфликти и природни катастрофи во Сирија, Мексико, Франција, Индонезија и други места.
Според него, жири-коисијата наградила 12 фотографи од 10 земји, а како што рече тој, во март ќе ги споделат најимпресивните фотографии од 2019-та година.
Озкаја нагласи дека следната изложба ќе ја отворат наредниот месец во Њујорк, упатувајќи благодарност до ТИКА и „Туркиш Ерлајнс" поради нивната поддршка, како и до Институтот Јунус Емре во Токио.
Амбасадорот на Турција во Токио, Хасан Мурат Мерџан, изрази задоволство што наградените фотографии на овој натпревар се изложени во Токио.
„Постојат фотографии кои го раскажуваат светот, додека посотјат фотографии кои раскажуваат една врска. Сигурно дека фотографиите имаат повеќе јазици. Сите фотографии на изложбата оставија длабок впечаток во мене“, рече тој, зборувајќи со пофалби за успесите на АА во последните години.
Од друга страна, на изложбата беа изложени фотографи од политички случувања, миграциски кризи, природни катастрофи како и импресивни животни приказни од различни места во светот.
Оваа изложба која е прва изложба отворена во странство, ќе биде отворена до крајот на годината.
Пријавувањата за „Istanbul Photo Awards 2020“ може да се направат од 1 ноември 2019 до 31 јануари 2020-та година преку интернет страницата „www.istanbulphotoawards.com“.