Zeynep Tüfekçi
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
ТУНИС (АА) - Осум мигранти загинаа како резултат на превртувањето на рибарското бротче на отворени води кај градот Сфакс, кој се наоѓа во јужниот дел на Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Единиците на Националната гарда, Хисам ел Џибали, во изјава за АА истакна дека едно рибарско бротче во кое се наоѓале илегални мигранти, не го почитувало предупредувањето за запирање, при што некои мигранти фрлиле молотови коктели врз безбедносните сили.
„Како резултат на настанатиот судир“, рече тој, „чамецот со мигранти се преврте, при што се пронајдени осум трупа на мигранти чиј идентитет сè уште не е познат.“
Џибали нагласи дека се спасени вкупно 14 мигранти, од кои четворица се жители на Тунис и 10 мигранти со потекло од Африка.