Emel Öz Gözellik
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,4 степени е почуствуван во Фиџи, островска држава во Тихиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа јужно од островите Фиџи, на длабочина од 98 километри.
Геолошкиот завод не упати предупредување за можна појава на цунами по земјотресот што ги потресе островите Фиџи.