Elena Teslova
26 Април 2023•Ажурирај: 29 Април 2023
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за вонредни состојби денес соопшти дека изминатиот ден во шест големи пожари изгореле 178 објекти во рускиот регион Свердловск, пренесува Анадолу.
Според Министерството, 134 од опожарените објекти се селски куќи, 32 нерезиденцијални куќи, осум викендички, две помошни згради, продавница и покрив од станбена зграда.
За гаснење на пожарите биле ангажирани околу 380 лица и 112 парчиња опрема, соопшти Министерството.
Причината за пожарите ја утврдуваат инспекторите, додава Министерството.