Ahmet Furkan Mercan
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА (АА) - Од март минатата година до истиот месец оваа година во Јапонија се пријавени над 159.000 случаи на злоставување деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на јапонската Влада, центрите за советување на децата добиле рекорден број пријави за злоставување малолетници.
Службениците на Министерството за социјална заштита наведуваат дека вкупниот број пријавени случаи надминал 159.000, што е раст за 26.000 во однос на претходната година.
Предупредија и дека бројот на злоставени деца се зголемува од 1990 година, но дека во периодот 2018-2019 година достигнал рекордна цифра.
Најчестите типови на злоставување деца е психолошкото насилство. Пријавени се 88.000 такви случаи.
По психолошкото злоставување следува физичкото со 40.000 пријавени случаи, занемарувањето со 26.000 и сексуалното вознемирување со 1.700 пријавени случаи. Податоците се однесуваат на малолетничката популација.