Sarp Özer
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Техничкиот состанок меѓу воените делегации на Турција и Грција се очекува да се одржи денес во попладневните часови, во Воената команда на НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По разговорот меѓу претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, донесена е одлука да се одржи состанок меѓу воените делегации на Турција и Грција, во Воената команда на НАТО.
Во овој контекст, првата средба меѓу воените делегации се одржа на 10 септември во Воената команда на НАТО.
Техничкиот состанок се очекува да се одржи денес во попладневните часови.