Ekipa
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади на силите на Башар ал-Асад и руските сили во Идлиб загинаа 7, а ранети се 10 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на Цивилната заштита на Идлиб, Мустафа ел-Хаџ Јусуф, за АА изјави дека и понатаму траат жестоките воздушни напади врз тој сириски град.
„Во воздушните напади врз зградата на Цивилната заштита во Хан Шејкун ранети се четири цивили, додека тројца вработени загинаа. Во нападот врз селото Кефер Сеџне загинале три женски лица“, изјави Јусуф.
Тој додаде дека во ракетниот напад на сирискиот режим врз местото Бидама загинал цивил, додека шестмина се ранети.
Махмуд ел-Хасна, претставник на сириската опозиција, истакна дека нападите во Хан Шејкун ги извршиле руски воени авиони.
Во жестоките воздушни и артилериски напади на руската војска и сириските режимски сили во Идлиб од почетокот на оваа година загинаа најмалку 211 цивили.