Aida Cako
14 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Марапи, еден од најактивните вулкански формации во Индонезија, повторно еруптираше денес, исфрлајќи пепел во висина од околу 1,6 километри во областа Танах Датар, во провинцијата Западна Суматра, јавува Анадолу.
Според првичните информации, нема извештаи за повредени лица или материјална штета, но властите воведоа ограничувања за пристап и активности во радиус од 3 километри околу кратерот.
Од првата ерупција на 3 декември 2023 година, вулканот Марапи досега еруптираше вкупно 439 пати.
Овој активен вулкан се наоѓа на островот Суматра и се издига на висина од 2.891 метар.
Индонезиските власти одамна имаат забрането движење и планинарење за жителите и туристите во радиус од 3 километри од неговиот кратер, поради постојаната опасност од ерупции.