Hakan Çopur
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во завршната Декларација на Самитот на лидери Г-20 во Аргентина се истакнува потребата меѓународниот поредок да продолжи да се одржува во согласност со законите, и покрај противењата, останува примената на Парискиот климатски договор и се истакнува потребата од реформи на Светската трговска организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓутоа, потврдено е дека Соединетите американски држави (САД) остануваат на ставот за повлекување од Парискиот климатски договор.
Во соопштението се наведува дека се разгледани темите како што се идната соработка, инфраструктурата за развој, стратегијата за одржлива храна и родова рамноправност.
Во декларацијата се истакнува важноста на меѓународниот економски поредок. Во документот се наведува дека прашањата за миграциите и бегалците ќе бидат сведени на минимум.
- Осуда на „секој вид тероризам“
Во Декларацијата меѓу другот, на силен начин се истакнува осудата на секој вид тероризам, додавајќи дека треба да се застане зад изјавата за борба против тероризмот донесена на самитот на Г20 во Хамбург.
Во последната точка од Декларацијата на Самитот се информира дека Самитот на Г-20 2019 година ќе се одржи во Јапонија, додека Самитот во 2020 година ќе се одржи во Саудиска Арабија.