Ekipa
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ГАЗА (АА) - Воениот суд во Газа осуди три лица на смрт, за убиството на командантот на Хамас, соопшти денеска палестинскиот суд. Трите лица се обвинети за вмешаност во убиството на Мазен Фукаха, командантот на военото крило на Хамас, на бригадата Eзедин ал-Касам, во јужниот дел на појасот Газа во март, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамас, кој има власт во блокираниот Појас Газа, го обвини Израел за ова убиство.
Говорејќи на прес-конференцијата за новинарите, во западна Газа, Насер Сулејман, претседателот на Воениот суд во Газа, изјави дека наведените три лица се осудени на смрт врз основа на обвинението кое ги товари за убиство и за шпионирање за Израел.
Пресудата која е изречена денес е конечна и осудените немаат право на жалба.
Минатата недела, безбедносните сили под контрола на Хамас, уапсиja 45 лица во врска со смртта на Фукаха, а за кои се тврди дека се шпиони.