Gökhan Kavak
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
АБУЏА - Поранешниот претседател на Гамбија Јахја Џаме, кој изгуби на претседателските избори во таа западно-африканска држава, заедно со своето семејство ја напушти земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на заминувањето Џаме беше придружуван од семејството и своите поддржувачи.
Адама Бароу, кој на 1 декември минатата година победи на претседателските избори во Гамбија, претходно изјави дека Џаме има можност да замине во политички егзил во Гвинеја.
Јахја Џаме ги изгуби претседателските избори, тој на почетокот го прифати поразот, но потоа ги отфрли повиците да ја напушти власта. Џаме на 19 јануари требаше да му ја предаде претседателската функција на Адама Бароу, но тој не го стори тоа и на 17 јануари прогласи тримесечна вонредна состојба во државата. На 19 јануари беше соопштено дека воените трупи на ЕКОВАС (Економската заедница на западноафрикансите држави) влегле на територијата на Гамбија. Истиот ден Адама Бароу положи заклетва на церемонија одржана во Амбасадата на Гамбија во Дакар, на којашто присуствуваа и претставници на земјите од ЕКОВАС.
Јахја Џаме вчера прифати да поднесе оставка.