Cüneyt Karadağ
13 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
БЕРЛИН
Во Германија приведени се четворица полицајци со тврдење дека снабдувале муниција за екстремно десничарската тајна структура наречена „Prepper“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Обвинителството во Шверин, вкупно четири полицајци, од кои тројца во активна служба, додека едниот бил поранешен полицеац, биле приведени со обвинувањата „прекршување на Законот за оружја“ и „организациска измама“.
Откриено е дека овие полицајци од 2012 година снабдувале муниција од Покраинската криминална дирекција во Мекленбург-Ворпомерн, и дека таа муниција му ја предале на лице кое имало контакт со екстремно десничарската тајна структура наречена „Prepper“.
Според германските медиуми, оваа тајна структура планирала да се подготви за датум кој го нарекла „X-ден“, кога преку вршење атентат врз политичарите во земјата, ќе предизвикаат граѓанска војна, а потоа ќе извршат државен удар и ќе ја преземат власта.
Во вестите на германските медиуми пишува дека полицајците на илегален начин од полициската дирекција зеле 10.000 куршуми за оружја со краток и долг дострел.