Erbil Başay
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
БЕРЛИН
Германската полиција спроведе акција во три покраини против десничарската група „Freie Kraefte Prignitz“ за која е утврдено дека планирала да изврши напад врз џамија во германскиот град Витенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од полицијата во Бранденбург е наведено дека добиле дојава дека десничарска група планира да изврши напад врз џамија во Витенберг.
Потоа се извршени претреси на неколку адреси во покраините Бранденбург, Мекленбург-Ворпомерн и Саксонија. Во домовите на припадниците на групата се запленети лаптопи, телефони, хард-дискови, остри предмети и муниција.
Портпаролот на полицијата Торстен Хербст за новинарите изјави дека добиле дојава дека седум лица, на возраст меѓу 32-40 години, планирале да извршат напад со Молотови коктели врз џамија.