Mesut Zeyrek
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
КЕЛН
Во Германија, 28-годишната мајка, која ги уби своите пет деца во Солинген, покраината Северна Рајна-Вестфалија (KRV), е осудена на доживотен затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Вупертал донесе одлука, мајката која во септември 2020 година ги задави своите пет деца, меѓу кои три девојчиња, до смрт во станот во кој живееле, да добие највисока казна за ова дело.
Мајката убиец како мотив за убиството го навела нејзиното чувство на „понижување“ по разделбата од сопругот, распадот на семејство и тоа што нејзиниот поранешен сопруга е со некој друг.
Шесто дете на жената, на возраст од 11-години не е повредено бидејќи во моментот на убиствата било на училиште.
Мајката, која пред судот ги негира обвинувањата, тврдеше дека непознат човек кој упаднал во нејзиниот стан ѝ ставил лисици и ѝ ги убил децата.