Ayhan Şimşek
25 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
БЕРЛИН (АА) - На германскиот Аеродром „Берлин-Бранденбург“ денеска се откажани сите летови поради штрајкот на персоналот кој бара повисоки плати и подобри услови за работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поради најавениот предупредувачки штрајк на Аеродромот „Берлин-Бранденбург“, денеска не се можни патнички летови“, се наведува во соопштението на аеродромот.
Се додава дека патниците треба да ја контактираат својата авиокомпанија или агенција за повторно резервирање и алтернативни информации.
Поради штрајкот откажани се околу 300 лета, со што погодени се околу 35.000 патници.
Штрајкот започна во 3:30 часот по локално време и ќе трае до 23:59 часот денеска.
Синдикатот, кој претставува околу 6.000 вработени на Аеродромот „Берлин-Бранденбург“, бара 500 евра месечно зголемување на платите за да се компензира растот на инфлацијата и други подобрувања на работните услови.